Денеска и утре дожд, од недела пораст на температурите

Денеска и утре дожд, од недела пораст на температурите

Под влијание на влажен бран од југ, денеска и утре времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во текот на ноќта и утре наутро, особено во југозападните и јужните делови од земјава, каде локално ќе наврнат и над 20 л/м2. Дневната температура во овие два дена осетно ќе се намали, а во сабота ќе дува и умерен до засилен северен ветер.

Од недела следува период на стабилно време со пораст на дневната температура, освен во вторник кога ќе има услови за локални врнежи од дожд.

Дневната температура во текот на денешниот ден ќе се движи во интервалот од 7 до 17 степени Целзиусови.

Прочитајте повеќе

артан груби притвор

Истекува куќниот притвор за Артан Груби: Правдата пред нов тест за неказнивост

Наближувањето на рокот за истекување на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер и висок …