Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец а температурата ќе се движи во интервалот од 18 до 26 степени Целзиусови.
До понеделник ќе се задржи стабилно време со ниски утрински и релативно високи дневни температури. Во деновите од викендот по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во вторник ќе настапи зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд.