Денеска претежно облачно, од утре сонце и дневни температури до 36 степени

Денеска претежно облачно, од утре сонце и дневни температури до 36 степени

Денеска во претпладневните часови времето ќе биде претежно облачно со повремен слаб дожд. Попладне облачноста ќе се намалува, а во југоисточните делови од земјата ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Од утре ќе настапи стабилизирање на времето, со значителен пораст на дневната температура Ќе преовладува претежно сончево време, освен во четврток кога се очекува локален развој на нестабилна облачност со услови за краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Дневната температура ќе се движи во интервалот од 26 до 36 степени Целзиусови.

Прочитајте повеќе

земјотрес

Во Берово и Пехчево почуствуван земјотрес со јачина од 3,2 степени

Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван од жителите овие подрачја, а интензитетот се движи од …