Нита Амбани, пребогатата индијка со ташна од 350 илјади евра и донации од 68 милиони евра

Нита Амбани, пребогатата индијка со ташна од 350 илјади евра и донации од 68 милиони евра

Нита Амбани е најбогатата жена во Индија. Таа е сопруга на Мукеш Амбани, претседател на највредната индиска фирма Relliance Industries. Тие се една од најбогатите фамилии во светот, чие богатство се проценува на 83 милијарди евра.

Живеат во Мумбаи, во резиденцијата викана „Антилиа“. Всушност, се работи за облакодер висок 27 катови, со содржини од типот на кино сали, внатрешни гаражи, храм, здравствен и спа центар во кој семејството Амбани се релаксира со вештачки снег.

За луксузот во кој живее семејството Амбани се грижи персонал од 600 вработени.

Нита Амбани, најбогатата индијка, е позната по својот раскошен начин на живеење, без ограничувања. Често е забележана како носи Картие, Булгари и Гучи, како и ташна „Хермес“ вредна 350.000 евра, а има и гаража за 169 автомобили,

Но, треба да се каже дека Нита има основано училиште и болница во Мумбаи, а за справување со пандемијата, заедно со сопругот донирале средства во висина од 68 милиони евра. Истовремено, таа е и учителка и дизајнерка на ентериер.

Богатото семејство Амбани има два сина и ќерка кои, на инсистирање на нивната мајка, имаат ограничен џепарлак и се возат со јавен превоз.

Прочитајте повеќе

Вебинар онлајн

Порано само читавме онлајн, сега животот го мигрираме онлајн

Правете бекап на дигиталните податоци, бидејќи ако чувате сè на лаптоп и ако случајно се …