Денеска сончево и нестабилно време, од понеделник летни температури

Денеска сончево и нестабилно време, од понеделник летни температури

Времето денеска: претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне на места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните делови. Температурата ќе се движи во интервалот од 22 до 34 степени Целзиусови.

Во следните денови, во претпладневните часови времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град, понекаде и во вид на невреме. Температурите ќе се покачат, а особено топло ќе биде од почетокот на следната недела, кога претежно на југоистокот ќе надминуваат 35 степени.

Прочитајте повеќе

Филипче со Бочварски по новата делница од Градско кон Прилеп

Филипче и Бочварски возеа по новата делница од Градско кон Прилеп, работите се завршени околу 90% (ВИДЕО)

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и носителот на изборната единица 4 на СДСМ …