Денеска сонце, утре попладне локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Денеска сонце, утре попладне локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Денеска ќе преовладува сончево и топло време, со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се движи во интервалот од 26 до 37 степени Целзиусови, а УВ индексот ќе изнесува 8.

Утре во попладневните часови, времето ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Изолирана појава на нестабилност претежно во планинските подрачја ќе има и во четврток. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен и западен правец, а дневната температура ќе биде во опаѓање. Потоа во следните денови се очекува претежно стабилно и потопло време.

Прочитајте повеќе

полиција

Запален службениот автомобил на директорот на затворот Идризово

Од пожарот бил зафатен дел од фасада на зграда, како и предмети на балкони на …