Влада

Денеска Владата ќе ги одржи редовните 78 и 79 седница

Владата на Република Северна Македонија, денеска, со почеток во 11:00 часот ќе ја одржи редовната 78, тематска седница, на која ќе се разгледуваат повеќе информации за склучување договори за инфраструктурни проекти од ТАВ програмата со 23 општини.

Во 13:00 часот, ќе започне 79 седница, со повеќе точки на дневниот ред од Владината програма за работа и од интерес на граѓаните.

На таа седница, пред министрите, за разгледување, ќе се најде и записникот од Четириесет и првиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19, одржан на 14.6.2021 година, во кој се вклучени најновите предлози на Комисијата за заразни болести.

Според предложениот дневен ред, пред министрите за разгледување ќе се најде и Информацијата за усвојување на текст на Меморандум за разбирање помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Командата на Врховниот Сојузнички Командант за трансформација и Врховната Команда на сојузничките сили на Европа, во врска со обезбедувањето на поддршка од земја домаќин за спроведување на НАТО операции, вежби и слични воени активности.

Прочитајте повеќе

Судењето за пожарот во „Пулс“ се одлага за 26 јануари по барање на новоизбраната членка на Судскиот совет

Судењето за пожарот во „Пулс“ се одлага за 26 јануари по барање на новоизбраната членка на Судскиот совет

Основниот кривичен суд Скопје информира дека главната расправа за предметот за пожарот во дискотеката „Пулс“ …