Дезинформација е дека на Криволак се користи муниција со осиромашен ураниум

Дезинформација е дека на Криволак се користи муниција со осиромашен ураниум

Тврдењето дека на Криволак се изведуваат вежби со осиромашен ураниум кој е канцероген е непроверено и непоткрепено со ниеден факт. Станува збор за тенденциозна шпекулација преку која се проектира теорија на заговор и создава неоснован страв кај јавноста. Министерството за одбрана демантира дека на Криволак се користи осиромашен ураниум. Оттаму посочуваат дека се вршат мерења на квалитетот на воздухот пред, за време и по вежбите, при што е утврдено дека армиските активности не предизвикуваат загадување на животната средина. Од МО се децидни дека обуките и вежбите со сојузниците и партнерите од НАТО на полигонот Криволак, не се од каква било опасност по здравјето на граѓаните, пишува Вистиномер.мк.

Текстот го пренесуваме во целост:

Објава на Фејсбук воскреснува стара дезинформација дека на Криволак американски авиони гаѓаат со осиромашен ураниум.

ЕПИДЕМИЈА НА КАНЦЕР ИМА ВО ДРЖАВАВА!
КРИВОЛАК Е ВО ЦЕНТАР НА МАКЕДОНИЈА ОВА Е СМИСЛЕНО УБИВАЊЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ!
НАТО НАДВОР ОД МАКЕДОНИЈА!
НАСИЛНО НЕ ОКУПИРА И НЕ ДОУНИШТУВАШ!
НАТО НАДВОР ОД МАКЕДОНИЈА!, стои во објавата што ја анализираме.
Објавата произволно, без да понуди никакви докази и факти тврди дека во Македонија има епидемија на канцер предизвикана од осиромашен ураниум кој наводно Американците го испуштаат при воените вежби на Криволак. Во објавата нема никаква потврда од релевантни институции за употребата на осиромашен ураниум на Криволак, а нема ниту некоја изјава од медицински лица кои би потврдиле евентуална епидемија на канцер предизвикана од осиромашен ураниум.
Станува збор за стара дезинформација која првпат на социјалните мрежи се појави во август  2018 година, еден месец откако Северна Македонија доби покана за членство во НАТО.
Дезинформација е дека на Криволак се користи муниција со осиромашен ураниум

И тогаш дел од медиумите шпекулираа и ширеа паника во јавноста дека на Криволак Американците наводно користеле осиромашен ураниум кој бил канцероген.

Тогашната министерка за одбрана, Радмила Шеќеринска демантираше дека на Криволак некогаш се користел осиромашен ураниум и изјави дека тој нема ниту да се користи.

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА НАЈОДГОВОРНО ТВРДИ ДЕКА НИТУ СЕГАШНИТЕ, А НИТУ ИДНИТЕ ОБУКИ И ТРЕНИНЗИ НА НАШИТЕ ПАРТНЕРИ ОД НАТО НА ПОЛИГОНОТ КРИВОЛАК НЕ СЕ ОД КАКВА БИЛО ОПАСНОСТ ПО ЗДРАВЈЕТО НА ГРАЃАНИТЕ, НИТУ ЌЕ СЕ КОРИСТАТ БОМБИ СО ОСИРОМАШЕН УРАНИУМ. ВАКВИТЕ ЛАГИ ИМААТ ЗА ЦЕЛ ДА ЈА ПОТТИКНАТ НЕДОВЕРБАТА НА ГРАЃАНИТЕ ВО НАТО И СЕ ВО ФУНКЦИЈА НА НЕГАТИВНА КАМПАЊА ЗА ПРЕТСТОЈНИОТ РЕФЕРЕНДУМ. ГРАЃАНИТЕ ДА БИДАТ СПОКОЈНИ, ЧЛЕНСТВОТО НА МАКЕДОНИЈА ВО НАТО НОСИ ЕДИНСТВЕНО ПОГОЛЕМА БЕЗБЕДНОСТ И СИГУРНОСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА, ПОРАЧАА ОД КАБИНЕТОТ НА ШЕЌЕРИНСКА (АВГУСТ 2018 ГОДИНА).

Сега откако оваа информација повторно почна да станува актуелна и вирална на социјалните мрежи, Вистиномер се обрати за коментар до Министерството за одбрана. Оттаму се децидни дека веста е лажна.

ОВА Е ЛАЖНА ВЕСТ. НЕ САМО ШТО ПРИ ИЗВЕДУВАЊЕТО НА ВЕЖБИТЕ НА КРИВОЛАК НЕ СЕ КОРИСТИ ОСИРОМАШЕН УРАНИУМ, ТУКУ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА ТЕМЕЛНО ВОДИ СМЕТКА ПРИ ИЗВЕДУВАЊЕТО НА ОВИЕ ВЕЖБИ ВООПШТО ДА НЕ СЕ ЗАГАДУВА ОКОЛИНАТА. ЗА ДА СЕ СПРЕЧИ ШИРЕЊЕТО НА ВАКВИ ДЕЗИНФОРМАЦИИ, МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА ВО ПОСЛЕДНИТЕ НЕКОЛКУ ГОДИНИ ВОСПОСТАВИ ПРАКСА НА МОНИТОРИНГ НА НАЈГОЛЕМИТЕ ВЕЖБОВНИ АКТИВНОСТИ НА АРМИЈАТА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА. ВО СОРАБОТКА СО УНИВЕРЗИТЕТСКАТА ЛАБОРАТОРИЈА АМБИКОН НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ВО ШТИП ВО ПОСЛЕДНИТЕ 5 ГОДИНИ СЕ ВРШИ МОНИТОРИНГ НА ВЛИЈАНИЕТО НА ВОЕНИТЕ ВЕЖБИ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА. СЕ ВРШАТ МЕРЕЊА НА КВАЛИТЕТОТ НА ВОЗДУХОТ ПРЕД, ЗА ВРЕМЕ И ПО ВЕЖБИТЕ, ПРИ ШТО Е УТВРДЕНО ДЕКА АРМИСКИТЕ АКТИВНОСТИ НЕ ПРЕДИЗВИКУВААТ ЗАГАДУВАЊЕ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА. НИТУ СЕГАШНИТЕ, А НИТУ ИДНИТЕ ОБУКИ И ВЕЖБИ СО СОЈУЗНИЦИТЕ И ПАРТНЕРИТЕ ОД НАТО НА ПОЛИГОНОТ КРИВОЛАК НЕ СЕ ОД КАКВА БИЛО ОПАСНОСТ ПО ЗДРАВЈЕТО НА ГРАЃАНИТЕ. МОНИТОРИНГОТ НА КВАЛИТЕТОТ НА АМБИЕНТАЛНИОТ ВОЗДУХ ВО ПОШИРОКАТА ЗОНА НА ПОЛИГОНОТ „КРИВОЛАК“ ЌЕ ПРОДОЛЖИ И ВО ИДНИНА, НИ ОДГОВОРИЈА ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА.

Бојните отрови се забранети со Конвенцијата на Обединетите нации за забрана на хемиско оружје од 1997 година, која С. Македонија ја ратификува истата година.

Од сето ова можеме да заклучиме дека тврдењето оти на Криволак се изведуваат вежби со осиромашен ураниум кој е канцероген е непроверено и непоткрепено со ниеден факт. Станува збор за тенденциозна шпекулација преку која се проектира теорија на заговор и создава неоснован страв кај јавноста. Министерството за одбрана демантира дека на Криволак се користи осиромашен ураниум. Оттаму посочуваат дека се вршат мерења на квалитетот на воздухот пред, за време и по вежбите, при што е утврдено дека армиските активности не предизвикуваат загадување на животната средина. Од МО се децидни дека ниту сегашните, а ниту идните обуки и вежби со сојузниците и партнерите од НАТО на полигонот Криволак, не се од каква било опасност по здравјето на граѓаните.

Според сето ова, објавата што ја анализираме ја оценуваме како неточна.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Виралниот ТикТок предизвик „Супермен“ испраќа тинејџери и средношколци во болница

Виралниот ТикТок предизвик „Супермен“ испраќа тинејџери и средношколци во болница

На видеа на ТикТок, има деца кои намерно не го прифаќаат ученикот кој скока врз …