Шеќерна болест дијабет

Дијабетичарите је добија терапијата, ќе има и сензори за мерење гликемија за децата

Терапијата за дијабетичарите им е веќе на располагање, тоа е она што го баравме, изјавил денеска за МИА претседателот на Сојузот на здруженија на дијабетичари, Димче Велев. Ова следува по низата реакции на дијабетичарите дека им доцни терапијата која им е неопходна.

„Заклучно со денеска, комплет ја пуштаат целата антидијабетна, заедно со новите терапии, не само во систем, туку пуштени се реално. Тоа е работа на компаниите и на нивните ресурси за дистрибуција, очекуваме брза ефикасност“, вели Велев.

Останува отворено прашањето за тоа што ќе се прави со промената на системот за глукомери и ленти.

„Тендерот е потпишан и за неколку недели се очекува да се донесат 40 илјади глукомери и 700 сензори за деца. Првпат во 30 години, државата воведува сензори за деца до 18 години. Секое дете до 18 години, слепи деца, како и оние со гестациски дијабетес, ќе добиваат сензор. Тоа е промена. За седумстотини деца веќе нема да има боцкање на глукомер, туку ќе бидат со сензори“, изјави Велев.

Тој кажа дека бараат сите лица со тип еден да добијат сензори и дека Владата веќе најавила 570 дополнителни нови сензори.

„Треба да се смени и протоколот. Пред-дијабетесот и дијабетесот да почнат да се третираат на примарно ниво, кај матичните доктори, а за инсулин да се оди на терцијарно ниво, на клиника“, вели тој.

Мета многу пати досега пишуваше за проблемите на дијабетичарите. Набавката на сензори за деца доаѓа по написот за Миа Чичкариќ, средношколката која апелираше надлежните да набават сензори за безболно мерење гликемија во крвта, за да не мораат децата да се боцкаат по неколку пати на ден.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава …