Ковачевски

Ковачевски: Интерес на граѓаните се европска интеграција, а не изолација на државата и мнозинство со кое ќе се продолжи европскиот пат

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, одржа прес-конференција во Владата, по отворената дебата во Собранието на Република Северна Македонија по Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Северна Македонија.

Во продолжение е интегралната изјава на премиерот Ковачевски:

„Почитувани граѓани,

Почитувани медиуми,

Најпрво, благодарам за вашето присуство, денес беше долг ден и во Собранието, подоцна и во прес центарот на Владата.

Денес започна процесот на уставните измени со изгласување на дневниот ред, во полн состав на Собранието. Тоа е првиот заклучок од денешната седница која започна во Парламентот.

Денеска во Собранието стана кристално јасно кој навистина сака Северна Македонија да стане просперитетна држава, земја-членка на ЕУ, а кој сака да ја блокира европската иднина на државата.

Денес, повторно се потврди дека Владата, сите политичките партии и чинители од про-европскиот фронт, се единствените кои мислат добро и за државата и за граѓаните и се за интеграција на државата во ЕУ исто како што беа за интеграција на државата во НАТО – Алијансата. Денес повторно се потврди дека единствената идеологија на ВМРО-ДПМНЕ е блокада и изолација.

И тоа, проевропски ориентираните граѓани нема ниту да го заборават ниту да го простат. Ова блокирање кое тие толку долго го заговараат нема апсолутно никаква причина да се случи.

ВМРО-ДПМНЕ покажаа дека немаат никакви аргументи, дека нема идеја за дискусија, и дека не водеа дебата. Со огромна леснотија тие покажуваат дека се подготвени да ја блокираат европската иднина на граѓаните, само и единствено за лични цели, а против подобар и попросперитетен живот за граѓаните и остварување на стратешката цел, полноправно членство во ЕУ на Република Северна Македонија.

Ако тие не знаат да дебатираат и да аргументираат дома, како тогаш да очекуваме дека ќе аргументираат и ќе водат дебата надвор, со меѓународната заедница. Многу е јасно дека нивната цел не е да испреговараат нов договор, многу е јасно дека нивната цел е да блокираат и да си ги спасат сопствените политички кариери.

Нема веќе простор за манипулација од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Јасно е како ден дека граѓаните на Република Северна Македонија сакаат да живеат во ЕУ. Сите истражувања на јавното мислење покажуваат, над 80% од граѓаните на државата, без разлика на нивната припадност по било која основа, сакаат да живеат во ЕУ. Сакаат подобар животен стандард, подобро владеење на правото, подобра инфраструктура, подобри услуги за граѓаните, заради економски напредок, социјална правда, врвна демократија. Сакаат подобар живот по европски стандарди со вредностите кои ги има единствено во ЕУ и САД, наш стратешки партнер. Сакаат децата да им останат дома и тука да си ја градат европската иднина.

Република Северна Македонија практикува европски вредности и заслужува, по членството во НАТО, да биде и полноправна членка на Европската Унија. Пред нас е неповторлива шанса за потврдување на европскиот пат, забрзување на европските интеграции и остварување на оваа европска цел до 2030 година. Тоа е нашата иднина.

Интеграција, а не изолација.

Сите ние сѐ уште паметиме како ВМРО-ДПМНЕ ја изолираше и блокираше земјата на нејзиниот пат во ЕУ и како гласаше против членството во НАТО Алијансата.

Но проевропската коалиција нема намера да подлегне на вакво неодговорно и недржавничко однесување и ќе направи сѐ да ја тргне блокадата на патот на европските интеграции на државата. Нема да дозволиме граѓаните, нивната иднина, државата да се блокирани од ВМРО-ДПМНЕ. Продолжуваме понатаму да работиме на врвните национални и државни интереси и да обезбедиме мнозинство со кое ќе се продолжи европскиот пат на државата.

Прочитајте повеќе

цук пожари

Во изминатото деноноќие регистрирани 22 пожари на отворено, осум сè уште се активни

Вкупно 22 пожари на отворено биле евидентирани во последното деноноќие, а од нив утрово се …