Димитар Апасиев и партиска делегација на Левица се поклонија на гробот на албанскиот диктатор Енвер Хоџа

Димитар Апасиев и партиска делегација на Левица се поклонија на гробот на албанскиот диктатор Енвер Хоџа

Делегација на Левица, предводена од претседателот на партијата Димитар Апасиев, по повод 38-годишнината од смртта на албанскиот комунистички лидер Енвер Хоџа, вчера положи цвеќе на неговиот гроб.

Во објавата на веб страната на Левица, меѓу другото стои:

„Како посветен и антиревизионистички левичар, Хоџа е основоположник на современата албанска држава и прв секретар на ЦК на Комунистичката партија на Албанија (подоцна преименувана во Партија на трудот), која беше основана со југословенска и советска поддршка. Овој француски студент стана симболот на антифашистичкиот отпор на нашите соседи против италијанската окупација, делувајќи како политички комесар на Народно-ослободителната армија на Албанија.

Под неговото четиридецениско владеење, Република Албанија, која беше оставена во руини после укинувањето на монархијата, зачекори кон изградба на нови темели: беше изградена првата железничка пруга на нејзина територија, земјата почна со забрзана електрификација, беа искоренети низа епидемиски болести, стапката на писменост беше зголемена од 5% на 90%, државата стана земјоделски независна земја преку колективизација на плодното земјиште, а беше извршена и радикална секуларизација на религијата. Тој водеше беспоштедна борба против локалните великопоседници, клерот и племенските старешини, кои го држеа народот во класна потчинетост и незнаење. За време на неговиот живот успеа да ја трансформира Албанија од полуфеудален вилает на Отоманската империја во индустријализирана планска економија“.

Прочитајте повеќе

Михалис Рокас повикува на забрзани реформи во Македонија

Михалис Рокас повикува на забрзани реформи во Македонија

„Се соочуваме со геополитички пејзаж кој брзо се менува, и само со обединување на Европа …