Димитров приреди работен прием за амбасадорите на САД во регионот на ЈИЕ

Димитров приреди работен прием за амбасадорите на САД во регионот на ЈИЕ

Министерот за надворешни работи Никола Димитров синоќа приреди работен прием за амбасадорите на САД во регионот на Југоисточна Европа, кои под раководство на заменикот-помошник државен секретар и специјален претставник за Западен Балкан, Метју Палмер одржуваат советување во Скопје.

„Дојдовте во интересно време. Благодарни сме што споделуваме заедничка визија за регионот. Завршивме голема работа, направивме големи работи кои не се прават често во регионот, а тоа се компромиси. Продуцираме идинина, за доброто на нашата земја, но и за регионот”, рече Димитров во обраќањето пред амбасадорите на САД во Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија, Хрватска, Бугарија, Грција и Албанија, високите претставници на Стејт Депертментот и претставници на Министерство за надворешни работи.

Тој додаде дека регионалното советување на амбасадорите на САД во Скопје претставува можност и за продлабочена размена на мислења со земјата домаќин за значајни прашања од заеднички интерес.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

3 Мај: Новинарите слабо платени и небезбедни

3 Мај: Новинарите слабо платени и небезбедни

Од ССНМ и од ЗНМ велат дека Светскиот ден на слобода на медиумите – 3 …