Димитров во Битола: Одговорноста за иднината е на сите нас

Димитров во Битола: Одговорноста за иднината е на сите нас

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, вчера и денеска беше во посета на општина Битола.

Тој ја искористи посетата за средби со младите во Битола, како и со градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.

За време на пријатната и неформална средба со младите, министерот Никола Димитров разговараше за предизвиците со кои тие се среќаваат, нивните планови и идеи за нивната лична иднина, како и иднината на Македонија. Министерот истакна дека Битола и регионот има важна историска улога во оформувањето на македонското културно наследсво, но и многу важна улога во нашата европска иднина, земајќи ја во предвид традиционално дипломатската димензија на градот. Откако ги ислуша младите, Димитров потврди дека 30 септември е неверојатно важно скалило кон нашата европска и евроатлантска иднина и сите заедно имаме историска одговорност да го искажеме нашиот став преку врвната демократска алатка – референдумот.

Прочитајте повеќе

Притисок за да функционира државата

Притисок за да функционира државата

Од стотици регистрирани граѓански или невладини организации, здруженија, фондациии, малку се оние кои  чиј „збор …