Од ноќеска на полноќ малопродажната цена на Еуродизелот се намалува за еден денар за литар, согласно најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ).
Од вечерва литар дизел гориво ќе се продава по цена од 70 денари.
Се менува и цената на мазутот кој ќе поскапи за 0,022 денари за килограм и ќе се продава по цена од 41,029 денари за килограм.
Останатите горива остануваат со непроменети цени. Моторниот бензин Еуросупер БС-95 чини 80 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 се продава за 82 денари за литар.
Екстра-лесното масло останува со цена од 69 денари за литар.