Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Нафтените деривати од ноќеска ќе имаат нови цени, по последната одлука што ја донесе Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ).

Малопродажната цена на Еуродизелот се намалува за еден денар за литар, па дизел горивото од вечерва ќе се продава по цена од 80 денари за литар.

Поевтинува и Екстра-лесното масло за домаќинство и тоа за половина денар, па од ноќеска ќе чини 80 денари за литар.

Од друга страна, со најновата одлука на Регулаторна, цените на бензините се зголемуваат. Еуросупер БС-95 ќе поскапи за еден денар, па од вечерва ќе се продава за 87,5 денари за литар.

За денар и половина поскапува Еуросупер БС-98, од кој литар ќе чини 90 денари.

Новата цена на мазутот изнесува 46,025 денари за килограм.

Прочитајте повеќе

изјава министерство за здравство

За момчињата и девојчињата од следниот месец ќе биде достапна деветовалентна вакцина против ХПВ

Целта е младите да се вакцинираат пред да бидат изложени на ХПВ ризикот. Се проценува …