Нафтените деривати од вечерва со нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ).
Малопродажните цени на Еуродизел и Екстра-лесното масло за домаќинство се намалуваат за 1,5 денари. Литар дизел од ноќеска ќе чини 76 денари, исто како и маслото за горење.
Од друга страна, моторниот бензин Еуросупер БС-95 ќе поскапи за 1 денар за литар и ќе чини 87,5 денари. Еуросупер БС-98, пак, поскапува за денар и половина, па од ноќеска на бензинските станици ќе се продава за 90 денари за литар.