дизел бензините горива

Дизелот поевтинува за 2,5 денари по литар

Малопродажната цена на дизел горивото се намалува за два и пол денари за литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) согласно својата најнова одлука.

Ова е четврто по ред поевтинување на дизелот во изминативе седум дена. За една седмица, цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намали за вкупно осум и пол денари за литар.

Со најновото поевтинување, од ноќеска на полноќ дизел горивото на бензинските станици низ земјава ќе се продава по цена од 76 денари за литар.

РКЕВУ информираше дека поевтинува и Екстра лесното масло за домаќинство и тоа за два денара за литар и од вечерва ќе чини 75 денари за литар.

Во меѓувреме, цените на бензините не се менуваат. ЕУРОСУПЕР БС-95 и понатаму ќе се продава по цена од 82 денари, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 и понатаму ќе чини 84 денари за литар.

Прочитајте повеќе

„Кошничките“ на власта донесоа поголема скапотија за граѓаните

„Кошничките“ на власта донесоа поголема скапотија за граѓаните

Соопштение за јавност на СДСМ Политиките на власта на Мицкоски и ДПМНЕ со така наречени …