Од 128 владина седница: Одлука за дополнителна помош на Република Турција

Од 128 владина седница: Одлука за дополнителна помош на Република Турција

Владата денеска ја одржа 128 седница на која донесе одлука за испраќање дополнителна помош во Република Турција.

Донесена е одлука, на предлог на Министерството за одбрана, за испраќање нови 36 припадници на Армијата на Република Северна Македонија – Батаљон за специјални операции, за учество во хуманитарна операција во Република Турција.

Донесена е и одлука за испраќање нови 32 лица од Дирекцијата за заштита и спасување – припадници на републичките сили за заштита и спасување, за учество во давањето помош на Република Турција во санирањето на последиците од земјотресот.

Се испраќа и, според информацијата од Дирекцијата за заштита и спасување и комплетна специјализирана опрема и материјално – технички средства за пребарување и спасување од урнатини, 10 возила за транспорт на опремата и луѓето.

Прочитајте повеќе

Лавина реакции за ПР злоупотреби на трагедијата во Кочани

Лавина реакции за ПР злоупотреби на трагедијата во Кочани

Посетите на политичарите на болничките соби, каде што се лекуваат тешко повредените од пожарот во …