Добриот „пи-ар“ – лек против лажните вести (3)

Добриот „пи-ар“ – лек против лажните вести (3)

Пишува: Сотир Габелоски

Само што го објавивме продолжението на „Добриот ‘пи-ар’- лек против лажните вести“, започнаа да се јавуваат оние кои најчесто ги практикуваат лажните вести, полуинформации и трачеви, кои се шират само со една цел – собирање повеќе кликови.

Во првиот дел од оваа серија колумни, го начнав прашањето дека покрај изложувањето на граѓаните пред фактите и целосните информации, борбата против лажните вести треба да продолжи и со некаква регулација на интернет порталите, сметајќи ги овие медиуми најподложни на ширење “фејк њуз“.

Прв, како најзасегнат, се јави сопственик на еден портал кој ги користи сите потребни алатки за да заработи поголема посетеност на порталот. Од тенденциозни наслови, лични пресметки, клевети и практикување новинарство пред компјутер.

Зошто овој лик веднаш се јави да ми ја спомене мајката во својата пцовка, во смисла, “кој е Сотир Габелоски да бара регулација на интернет медиумите“? Одговорот е прост: овој и ликовите како него, би биле најоштетени и од најмалата регулација на интернет просторот. Пред се’, би биле казнети од соодветни институции и би заработиле низа тужби за клевета и нарушување на углед, а потоа би го изгубиле манипулативното информирање на граѓаните и заработката од лажните вести.

Ова е силен мотив новинарите, здруженијата преку кои се претставени, Владата и други засегнати страни, да седнат на маса и да си ја заштитат професијата, а со тоа и јавниот интерес. Отсекогаш, како млад активист, сум важел за силен противник на регулацијата врз интернет медиумите, но ширењето на лажните вести и негативните влијанија и последици кои ги произведуваат, причинуваат огромна штета. Затоа денес, како млад и не многу искусен, станувам поборник за регулација на интернет просторот. Не “тврда“ регулација, но доволно ефикасна за заштита на граѓаните од полуинформации и дезинформации.

Ова го застапувам и од позиција на поранешен сопственик на веб портал и “онлајн“ блог платформа. Сопственик на нерегулиран портал, без потреба да се потпишува на текстовите и да креира категорија „Импресум“, за да се знае кој стои зад сето тоа. Највпечатливото искуство од раководењето на еден портал е борбата за кликови и објавување на што е можно повеќе написи, со опиплив наслов и непроверени информации, без страв од тужба и санкција.

Неопходно е да се направи дистинкција меѓу “онлајн“ блогови, кои и не се така популарни, и споменатите без импресум веб портали, кои мора да бидат раководени од здруженија, компании и агенции, а не од физички лица.

Прочитајте повеќе

Колумна на Стефан Богоев: Извинете, згрешивме!?

Колумна на Стефан Богоев: Извинете, згрешивме!?

Колумна на Стефан Богоев за неделникот „Фокус“ Извинете, згрешивме!? Почитувани граѓани, драги читатели, за многумина …