Претседателот на Република Српска (РС) и на партијата Сојуз на независни социјалдемократи (СНСД), Милорад Додик повторно се закани со отцепување на Република Српска од Босна и Херцеговина, а притоа ги повика и хрватските претставници да ги напуштат централните институции. Сепак, нивната поддршка Додик нема да ја добие, пишува сараевскиот весник „Ослобоѓење“.
Иако во Федерацијата БиХ (покрај РС, вториот конститутивен елемент на БиХ се Бошњаците и Хрватите) има недоразбирања, повеќе од јасно е дека таму никој не гледа кон Додик како сојузник во поглед на сецесионистички идеи, пишува весникот.
Најновата закана на Додик за повлекување на српските претставници од босанските државни институции доаѓа по серија на негови закани што ги испорача во минатото, кога порачуваше дека во трезорот на Република Српска стојат спремни сите закони, уредби и подзаконски акти, со кои после седница од еден и пол час на парламентот на Република Српска, таа може да стане независна држава.
Извор: МЕТА