МВР: Не наседнувајте на лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ

МВР: Не наседнувајте на лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ

Од Министерството велат дека овие електронски пораки се класичен обид за измама во кој целта на измамниците е да дојдат до личните податоци на испраќачот со цел нивна понатамошна злоупотреба.

Министерството за внатрешни работи (МВР) повторно предупредува граѓаните да не наседнуваат на лажните пораки што наводно ги добиваат од оваа институција, односно од Бирото за јавна безбедност (БЈБ). Оттаму појаснуваат дека деновиве пристигнуваат пријави од граѓани за добиена електронска порака наводно во име на директорот на БЈБ, Сашо Тасевски.

Пораката е во вид на извесно барање за судско појаснување и во неа примачот се известува дека е предмет на правни постапки за низа измислени кривични дела кои ги нема сторено. Притоа, велат од МВР, примачот на пораката се повикува да го контактира испраќачот.

Од Министерството велат дека овие електронски пораки се класичен обид за измама во кој целта на измамниците е да дојдат до личните податоци на испраќачот со цел нивна понатамошна злоупотреба.

„Затоа апелираме на посебно внимание, овие пораки да не се отвораат, а уште помалку да се контактира испраќачот преку доставениот линк и да се споделуваат личните податоци кои ќе ви бидат побарани. Исто така, предупредуваме да не отворате линкови и датотеки кои се испратени во прилог на електронска порака која доаѓа од непознат испраќач, со цел заштита на вашиот компјутерски систем од малициозен софтвер“, апелира МВР.

Оттаму информираат дека ваквите обиди за измама се со меѓународен предзнак, имајќи предвид дека електронски пораки со слична содржина, а со иста цел – злоупотреба на лични податоци, во изминатиот период биле испраќани и на граѓани во земјите од регионот.

Прочитајте повеќе

UltiMATH финале

UltiMATH финалето започна: 350 најдобри средношколци се натпреваруваат за награда од 10.000 евра

Денес започна првиот ден од финалето на UltiMATH, најголемиот натпревар по математика за средношколци во …