Долгата листа на Руси кои починале откако му се спротивставиле на Кремљ

Долгата листа на Руси кои починале откако му се спротивставиле на Кремљ

Долга е листата на влијателни Руси кои биле убиени или умреле во сомнителни околности откако им се спротивставиле или ги критикувале рускиот претседател Владимир Путин, Кремљ или државата.

Последен на листата е Алексеј Навални, затворениот опозициски политичар кој војуваше против официјалната корупција и водеше масовни протести против Кремљ, со што го заработи гневот на Путин, кој не го изговараше неговото име во јавноста.

Навални почина на 16 февруари во арктичкиот затвор каде издржуваше 19-годишна затворска казна, соопшти руската затворска служба. 47 годишниот Навални се чувствувал лошо по прошетката, по што, како што вели Федералната служба за казнено-поправни казни, изгубил свест. Пристигнала брза помош, но тој не можел да биде реанимиран, се вели во соопштението, во кое се додава дека причината за смртта „се утврдува“.

Смртта на Навални доаѓа на помалку од еден месец пред претседателските избори кои се очекува да му донесат на Путин уште шест години власт.

Во продолжение некои од истакнатите луѓе кои умреле од насилна или сомнителна смрт откако Путин дојде на власт пред 24 години, служејќи и како претседател и како премиер на Русија. Овде не се претставени оние кои преживеале „блиски средби со смртта“ – како што е поранешниот воен разузнавач Сергеј Скрипал, кој беше отруен заедно со неговата ќерка во март 2018 година.

Евгениј Пригожин

Во видеото објавено на 5 мај, Евгениј Пригожин стои покрај повеќе тела кои лежат на земја за кои рече дека се мртви борци на Вагнер и за чија смрт го прекорува Кремљ поради недостигот на поддршка.
Во видеото објавено на 5 мај, Евгениј Пригожин стои покрај повеќе тела кои лежат на земја за кои рече дека се мртви борци на Вагнер и за чија смрт го прекорува Кремљ поради недостигот на поддршка.

23 август 2023 година: Евгениј Пригожин, шефот на платеничката група Вагнер со блиски врски со Путин, загина во авионска несреќа со своите највисоки соработници. Пригожин поголемиот дел од својот живот го помина таинствено, и при тоа застана зад низа „мрачни“ компании од „фарма на тролови“ која се мешаше во изборите во САД до платеничка армија која се бореше во Сирија и Украина. Во Украина беше и во центарот на долгата, крвава битка за Бахмут, а потоа неговата Вагнер стана активна и во неколку африкански земји.

Поранешниот сојузник на Путин, Пригожин започна неуспешен бунт кон крајот на јуни, против својот долгогодишен пријател. На два месеци пред неговата смрт Пригожин го насочи бунтот кон руските воени лидери, но посрамотувајќи го Путин со тоа што ги разоткрил границите на неговата контрола.

Сергеј Јушенков

Долгата листа на Руси кои починале откако му се спротивставиле на Кремљ

17 април 2003 година: Сергеј Јушенков, политичар ветеран и лидер на анти-кремљската партија „Либерална Русија“, е застрелан пред неговиот дом во Москва.

Јушенков беше во првите редови на напорите на либералните пратеници да ја истражат можната вмешаност на Федералната служба за безбедност (ФСБ) во серија смртоносни бомбашки напади во станови во 1999 година.

За бомбашките напади, во кои загинаа околу 300 луѓе, беа обвинети чеченските милитанти и беа искористени од Москва како изговор за започнување на Втората чеченска војна.

Ана Политковскаја

Долгата листа на Руси кои починале откако му се спротивставиле на Кремљ

7 октомври 2006 година: Една од најистакнатите руски новинарки и постојан хроничар на кршењето на правата во Чеченија, Политковскаја е застрелана во нејзината станбена зграда. Убиство во стил на егзекуција.

Двајца мажи беа осудени на доживотен затвор, а тројца други на долги затворски казни во 2014 година поради нивната наводна вмешаност во убиството, но роднините, колегите и западните влади се сомневаат дека руските власти никогаш нема да ги утврдат или казнат нарачателите на нејзиното убиство. Сомнежот лежи во можноста дека една темелна истрага би водела кон блиски до владата на Путин или раководството во Чеченија поддржано од Кремљ.

Александар Литвиненко

Долгата листа на Руси кои починале откако му се спротивставиле на Кремљ

23 ноември 2006 година: Поранешниот руски безбедносен агент почина во Лондон откако беше отруен со радиоактивен полониум-210. Литвиненко побегна во Британија во 2000 година откако ја обвини ФСБ за заговор за убиство на олигархот Борис Березовски. Подоцна тој беше коавтор на книга во која ја обвинува агенцијата за бомбашките напади во станбена зграда во 1999 година.

Британската истрага откри дека Литвиненко пиел чај обложен со полониум за време на состанокот во хотел во Лондон со Русите Андреј Луговој и Дмитриј Ковтун. Москва одби да ги екстрадира. Во 2017 година, Соединетите Држави ги стави Ковтун и Луговој на црната листа.

Наталија Естемирова

Долгата листа на Руси кои починале откако му се спротивставиле на Кремљ

16 јули 2009: Телото на познатата активистка за човекови права, со рани од куршуми на главата и градите, е пронајдено во Ингушетија, неколку часа по нејзиното киднапирање во близина на нејзиниот дом во главниот град на Чеченија, Грозни.

Наталија Естемирова истражуваше стотици осомничени прекршувања на правата во Чеченија, вклучително и киднапирање и убиства. Организацијата за заштита на човекови права Меморијал за која таа работеше, рече дека првичната истрага укажала на можна вмешаност на локални службеници за спроведување на законот.

Шефот на Меморијал, Олег Орлов, подоцна беше тужен за клевета, откако го обвини чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, поддржан од Кремљ, дека го организирал убиството на Естемирова, но тој на крајот беше ослободен.

Сергеј Магнитски

Долгата листа на Руси кои починале откако му се спротивставиле на Кремљ

16 ноември 2009 година: Адвокатот „свиркач“, кој ја покажа вмешаноста на руски службеници во наводна даночна измама од 230 милиони долари, почина една година откако беше затворен поради слични обвиненија. Сергеј Магнитски боледуваше од панкреатитис и му беше одбиена медицинска помош во истражниот затвор, услови кои активистите за правата рекоа дека се еднакви на тортура.

Според Советот за човекови права на Кремљ, тој бил тешко претепан пред неговата смрт.

Во 2012 година, Соединетите Држави го усвоија Законот Магнитски, кој ги таргетира Русите вмешани во кршење на правата со забрани за визи и замрзнување на имотот, а други западни земји го следеа примерот. Во јули 2013 година, рускиот суд го прогласи Магнитски виновен за даночно затајување во постхумно судење без преседан.

Борис Немцов

Долгата листа на Руси кои починале откако му се спротивставиле на Кремљ

27 февруари 2015 година: Реформистичкиот поранешен регионален гувернер и вицепремиер, кој беше политичка ѕвезда во подем во 1990-тите, беше убиен на мост во близина на Кремљ откако стана еден од најгласните противници на Путин. Немцов загина на 55 годишната возраст.

Либералниот пратеник Немцов помогна во водењето на протестите против парламентарни избори на кои се очекуваше повторно враќање на Путин на претседателската функција во 2012 година.

Тој цврсто се спротивстави на руската агресија врз Украина во 2014 година, нарекувајќи ја „одвратна“, „дрска“ и „штетна за Русија“.

Во времето на неговото убиство, тој и неговите соработници работеа на извештај во кој детално се наведени докази за степенот на мешањето на Москва во соседна земја.

Извор: РСЕ

Прочитајте повеќе

Филипче до разочараните членови: Сега е потребна вашата поддршка, а промените кои ги барате во СДСМ ќе се случат

Филипче до разочараните членови: Сега е потребна вашата поддршка, а промените кои ги барате во СДСМ ќе се случат

Во ваши раце е оваа одлука и не е касно да се исправи штетата. Не …