Политичката криза со играта на не давање на мандат на лидерот на опозицијата, ги откри неговите изјави кои, освен што беа идентични со тие на Груевски, беа, исто така, во иста линија со ставовите на официјална Москва. Иванов, го оправдуваше не давањето на мандатот со истиот жаргон како и Русија, која го напаѓаше Западот за мешање во внатрешните работи, но, и Албанците дека преку заедничката Декларација на албанските партии, која тие ја нарекуваа Тиранска платформа, ќе се формира Голема Албанија.

Иванов ги поддржа протестите пред Собранието на Македонија, во периодот пред насилниот напад во Собранието на Македонија на 27 април 2017 година. Во овие протести се одржуваа националистички, анти-западни говори, а имаше и моменти кога се палеа знамињата на НАТО и Европската унија. За да биде иронијата поголема, Иванов одби да се сретне со европскиот комесар за проширување и добрососедство, Јоханес Хан, во време кога не му го даваше на Заев мандатот за формирање на влада,и му препорача на Хан да се сретне со демонстрантите, кои потоа насилно упаднаа во Собранието.

Но, не заврши само со тоа, Иванов потоа побара амнестија за демонстрантите оправдувајќи ги нивните постапки.

Партизацијата на Иванов

Постапките и одлуките на претседателот Иванов во повеќе наврати беа слични на партиските интереси на ВМРО-ДПМНЕ, или директно во нивна полза. За ваквата партизација тој беше обвинет и од меѓународниот фактор, а ова најдобро го потврдува фактот што во време кога Специјалното обвинителство гонеше повеќе функционери тој ги аболираше.

Кавгите, гафовите и написите за Иванов

Претседателот Иванов за време на овој мандат, ќе остане запаметен и за неговите понекогаш смешни дела и гафови, кои ги преплавуваа социјалните мрежи, но посебните случаи на кавги, како онаа со ДУИ. Странските весници пишуваа за одредени одлуки на Иванов со кои предизвикуваше блокади во земјата, па дури и му укажува дека оди по стапките на Милошевиќ. Иванов го завршува мандатот како обвинет за две кривични дела за кршење на Уставот.

Извор: МЕТА