Двајца македонски ученици меѓу повредените од земјотресот во Турција

Двајца македонски ученици меѓу повредените од земјотресот во Турција

Двајца ученици од Македонија се меѓу повредените лица од земјотресот што рано изутрина го погоди југоисточниот дел на Турција. Станува збор за ученици кои преку програмата „Еразмус плус“ престојуваат во Турција, информираше Министерството за надворешни работи (МНР).

Претставништвата на МНР обезбедиле информации и стапиле во контакт со девет македонски државјани кои се наоѓаат во загрозениот регион. Се работи за осум ученици, меѓу кои се и двајцата повредени, и нивен наставник.

Едниот ученик е со потешки повреди – скршеница на која во моментов работат медицински лица и е во фаза на санирање, додека вториот ученик е со полесни повреди. Ниту еден од учениците и наставникот не е во животна опасност, информираше МНР.

„Досега нема информација за други наши државјани кои се наоѓаат во загрозена состојба, или на кои им е потребна асистенција, но нашите претставништва остануваат во континуирана комуникација како со надлежните институции на Турција, така и со наши граѓани кои се информираат и кои информираат за состојбите на терен. По инструкција на МНР, дипломат од Амбасадата во Анкара е веќе упатен во регионот за да помогне во евакуацијата на учениците од градот Караман Мараш, како и да обезбеди информација и присуство директно на терен во најзагрозените делови за евентуални дополнителни интервенции“, велат од МНР.

Министерството посочува дека македонските дипломатски претставништва во Турција се на 24-часовно располагање за сите евентуални прашања, на телефонските броеви: +905394569710 во Анкара, +905456149777 во Истанбул, и СОС телефонот на МНР во Скопје 38975273732.

Бројот на загинати од силниот земјотрес што ги погоди јужните провинции на Турција се искачи на најмалку 912 лица, додека во Сирија загинаа повеќе од 473 лица, јави ТРТ.

Земјотресот со магнитуда од 7,7 степени по Рихтер се случил утрово во 4 часот и 17 минути.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Нашата борба за европска Македонија продолжува, никогаш нема да се откажеме од европската иднина

Ковачевски: Нашата борба за европска Македонија продолжува, никогаш нема да се откажеме од европската иднина

Денес е тежок удар за европската перспектива, но, се уште не е доцна да се …