Двајца Швеѓани убиени во Брисел во акт на „тероризам“

Двајца Швеѓани убиени во Брисел во акт на „тероризам“

Белгиските власти го зголемија нивото на опасност од тероризам во земјата на највисоко ниво по убиството на двајца Швеѓани во Брисел, кој премиерот Александер де Кро оцени дека е поврзан со тероризам.

Антитерористичкиот центар во Белгија соопшти дека е зголемено нивото на опасност од тероризам и на целата територија на земјата, и тоа на второто највисоко ниво. Претставничка на центарот изјави дека приоритет за властите сега е безбедно да се извлечат од стадионот десетици илјади навивачи, кои го следеа дуелот меѓу репрезентациите на Белгија и Шведска во квалификациите за Европското првенство во фудбал. Навивачите беа задржани на стадионот и откако беше прекинат мечот и заеднички скандираа „Сите заедно, Сите заедно“ и „Шведска, Шведска“.

Убиствата се случиле на околу 5 километри од стадионот во Брисел, каде околу 35 илјади навивачи го следеа мечот, кој, пак, беше прекинат на полувреме откако стигна информацијата за двојното убиство.

Навивачи Шведска Стадион Брисел
Навивачи на Шведска на стадионот во Брисел

Зголемувањето на нивото на закана на четврто ниво значи дека „заканата е екстремно сериозна“. Претходно беше на 2 ниво, што значи дека заканата е просечна.

Непознат мотив

Засега не е познато дали убиството е поврзано со меѓународните тензии поради војната меѓу Израел и Хамас, ниту дали постои друг мотив за нападот.

Неколку медиуми објавија аматерски видеа од убиствата кои покажуваат човек со огнено оружје кој пука повеќе пати кон луѓе во близина на станица. Едно лице во видео објавено на социјалните мрежи тврди дека тој бил напаѓачот и дека е дел од Исламската држава. Белгиските медиуми цитираат сведок кој го слушнал напаѓачот како извикува „Алах е голем“ по убиството. Според истиот извор, жртвите веројатно биле фудбалски навивачи.

Франција претходно одлучи да распореди дополнителни 7.000 трупи на улиците на градовите, откако во петокот беше убиен учител во едно училиште на северот на земјата. Претседателот Емануел Макрон го осуди нападот како „варварски исламски тероризам“.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Македонија со раст на индексот на слобода на медиуми, чекориме по патот на демократските и европски вредности

Ковачевски: Македонија со раст на индексот на слобода на медиуми, чекориме по патот на демократските и европски вредности

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска упати честитка до медиумите и медиумските работници по повод …