Двајца обвинители, МВР и Комитетот за воздухопловни несреќи вршат увид кај Солунска Глава

Двајца обвинители, МВР и Комитетот за воздухопловни несреќи вршат увид кај Солунска Глава

Двајца обвинители, МВР и Комитетот за воздухопловни несреќи вршат увид кај Солунска ГлаваДвајца јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје од утрово се на увид во реонот на планината Јакупица каде што вчера се урна авион од типот „Цесна“ со четворица патници, соопшти Обвинителството.

Обвинителите го вршат увидот заедно со екипи на Министерството за внатрешни работи, судска медицина и други релевантни институции за утврдување на причините за авионската несреќа, се вели во сооопштението.

„Мета“ се обиде да го контактира претседателот на Комитетот за истражување на воздухопловни несречи и сериозни инциденти, која е првата инстанца за утврдување на причините за несреќата во којашто вчера загина семејство од Бугарија, но тој е недостапен, оти нема сигнал на мобилна мрежа.

Во уривањето на малиот авион „Цесна 210“ загина четиричлено семејство. Од двете ќерки помалата била на возраст од 14 години, а постарата имала 19 години. Со авионот пилотирал нивниот татко, бугарскиот бизнисмен Георги Бошнаков, кој работел на преработка на отпад, додека неговата сопруга Калина Бошнакова била по професија адвокат.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Пендаровски и Џафери со честитки

Пендаровски и Џафери со честитки по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот

Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, …