Две години од почетокот на руската инвазија на Украина

Две години од почетокот на руската инвазија на Украина

Украина денеска одбележува две години од почетокот на целосната руска инвазија на земјата. Се очекува голем број странски државници и официјални лица да го посетат главниот град Киев во знак на солидарност, додека на украинските сили им снемува муниција и оружје, а Западната помош виси на конец.

Пред годишнината украинскиот претседател Володимир Зеленски го разреши воениот врховен командант Валериј Залужни, заменувајќи го со генерал-полковник Александар Сирски, што ја означи најзначајната промена во воениот врв од почетокот на војната.

Русија сè уште контролира околу една четвртина од земјата, откако Украина не ги исполни очекувањата со нејзината летна контраофанзива која донесе мал напредок. Во меѓувреме, милиони Украинци продолжуваат да живеат во несигурни околности во вкрстен оган, а многу други се соочуваат со тековни борби под руска окупација. Повеќето сè уште го чекаат украинското ослободување, кое не дојде.

Се очекува странските претставници да дојдат во Киев за да се сретнат со Зеленски и други украински официјални претставници и да изразат континуирана поддршка за земјата додека се бори против московските трупи и се подготвува за членство во Европската унија.

Шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пристигна во главниот град на Украина и го пофали украинскиот „исклучителен отпор“.

„Во Киев сум за да одбележам две години од почетокот на руската војна против Украина. И да го прославам извонредниот отпор на украинскиот народ. Повеќе од кога било, ние цврсто стоиме покрај Украина. Финансиски, економски, воено, морално. Додека земјата конечно не се слободи“, напиша Фон дер Лејен на социјалната мрежа „Х“ (поранешен Твитер).

Еден ден пред годишнината Соединетите Американски Држави и Европската унија објавија нови пакети санкции против Русија и официјалните лица одговорни за војната.

Извор: РСЕ

Прочитајте повеќе

Д-р: Филипче

Д-р: Филипче: Шансите да го поправиме изборниот резултат се добри

Јас никогаш не се откажувам. Во најтешките моменти во мојата кариера, а такви имало многу, …