дизел бензините горива

Дизелот поевтинува за 2 денарa

Од ноќеска на полноќ, дизел горивото на бензинските станици низ земјава ќе се продава поевтино за 2 денарa за литар – ваква одлука донесе Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Според најновата одлука, од вечерва, литар Еуродизел ќе чини 78,5 денари.

Во меѓувреме, цените на останатите горива остануваат исти.

Моторниот бензин Еуросупер БС-95 и понатаму се продава по цена од 83 денари за литар, додека Еуросупер БС – 98 чини 85,5 денари за литар.

Литар екстра-лесно масло за домаќинство ја задржува цената од 77,5 денари, а килограм мазут и понатаму чини 42,901 денари.

Прочитајте повеќе

Стари казни за новите функционери

Стари казни за новите функционери

Со законски измени ќе се враќаат старите казни за злоупотреби од функционерите, но штетата нанесена …