Еден од најпознатите спортски кардиолози со став: Ериксен умре за момент, можеби повеќе нема да заигра фудбал

Еден од најпознатите спортски кардиолози со став: Ериксен умре за момент, можеби повеќе нема да заигра фудбал

Еден од најпознатите спортски кардиолози во светот и сигурно најпознат во Англија, Санџај Шарма упати загрижувачки вести за играчката кариера на Ериксен.

Данецот кој вчера колабираше на натпреварот против Финска, за среќа се врати во живот иако, како што изјави и докторот на репрезентацијата на Данска, во одреден момент целосно го загубиле играчот.

Најважно е што Ериксен остана жив по страшниот настан од вчера, а она што сега може да му претставува товар е тоа што можеви повеќе нема да може да заигра фудбал, барем според зборовите на Шарма кој предава на универзитетот „Сент Џорџ“.

– Ова момче имало нормални тестови се до 2019 година, и сега како да го објасниме срцевото запирање? Добра вест е што е жив, лоша вест е што се доближува кон крајот на кариерата. Дали ќе игра повторно професионално фудбал? Не можам да кажам, но со сигурност не би можел да игра во Англија. Ние сме многу строги околу тоа.

– Фактот што е стабилен и буден е одлична. Не знам дали некогаш повторно ќе заигра фудбал. Да не го кажувам ова премногу отворено, но тој умре на натпреварот. На неколку минути, но умре, па сега се прашувам дали лекарите ќе му дозволат да умре повторно? Одговорот е не, -порача Шарма.

Извор: derbi.mk

Прочитајте повеќе

Министерствата и општините трошат 2 милиони евра за адвокати

Министерствата и општините трошат 2 милиони евра за адвокати

Два милиони евра се одлеале од општините и министерствата во Северна Македонија за една година само за адвокатски …