ЕКОНОМСКИОТ СОВЕТ НА ОПШТИНА ПРИЛЕП ЈА ОДРЖА ЧЕТВРТАТА СЕДНИЦА

ЕКОНОМСКИОТ СОВЕТ НА ОПШТИНА ПРИЛЕП ЈА ОДРЖА ЧЕТВРТАТА СЕДНИЦА

На четвртата седница на Економскиот Совет на Општина Прилеп, со кој претседаваше градончалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески, во присуство на претседателот на Совет, Дејан Проданоски, бизнис секторот од Прилеп, претставици од Регионалната Стопанска комора – Прилеп, претставници од локалната самоуправа, раководителите на секотри и на ЈКП во Прилеп, беа презентирани планираните проекти на општината, согласно Буџетот на Општина Прилеп за 2023. Воедно, претставниците на бизнис секторот беа запознаени со услугите на јавните претпријатија во Општина Прилеп кон бизнис заедницата, а беше презентирана и активноста на Секторот за урабнизам, комуналии и заштита на животната средина, во насока на поквалитетни и поефективни услуги за бизнис заедницата.
Во однос на изнаоѓање решение за ублажување на последиците од енергетската криза, на Седница на Економскиот Совет на Општина беше ставен акцент и за можностите за поставување на фотоволтаични панели од страна на деловните субјекти, беше нагласена поддршката на Локалната самоуправа за вакви проекти и беа разменети искуствата кои ги имаа стопанствениците по ова прашање.
На четвртата Седница на Економскиот Совет на Општина Прилеп стана збор и за заеднички проекти за подобрување на условите за живот и животниот стандард на граѓаните на Оптшина Прилеп. А, бизнис секторот беше запознат со зачленувањето на Општина Прилеп во В40 мрежата на Балкански градови и за значењето од ова членство за градот.
„Со членувањето во оваа мрежа создадовме услови за соработка меѓу градовите и можност за размена на позитивни искуства за решавање на урбаните проблеми. Тоа би значело и одлична можност за Вас за креирање на економска соработка со градови од Балканот, воспоставуваме бизнис корелации и освојување на нови пазари“, рече градоначалникот Борче Јовечски пред бизнис секторот во Прилеп на редовната четврта Седница на Економскиот Совет на Општина Прилеп.

Прочитајте повеќе

Кочанскиот Центар

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Донесена е пресуда за кривичното дело Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп …