ЦИВИЛ: Осуда на говорот на омраза на Димитар Апасиев од Левица

ЦИВИЛ: Осуда на говорот на омраза на Димитар Апасиев од Левица

ЦИВИЛ со крајна индигнација го осудува неодамнешната објава од шефот на Левица, Димитар Апасиев, во која тој се послужи со крајно навредливи зборови и манипулации кон Цивил и кон претседателот на организацијата. Ова е само уште еден од бескрајната низа испади на овој ултрадесничар кој предводи политичка партија застапена и во македонскиот парламент.  

„Сите ќе ве стреламе“ и „Децата крв ќе ви плукаат“ се само дел од скандалозниот, екстремен и заканувачки „асортиман“ на овој политичар. Тој стана познат и како таков ќе биде запаметен: вулгарен, валкан и насилен. За него е познато дека застапува и се обидува да спроведе идеи и концепти што се целосно спротивни на демократските принципи и стратешките определби на земјата.  

Одговорноста на Апасиев е дотолку поголема што тој (со јавни пари), се впушта во лични вербални пресметки со интелектуалци, активисти, новинари, граѓански организации и политички противници. Притоа, користи речник на омразата и повикува на насилство и војна. Апасиев е крајно непристоен и вулгарен и често изгледа како да нема контрола врз себе и своите постапки, што може да биде крајно опасно, имајќи ја предвид неговата општествена позиција како просветно лице на универзитетско ниво и политичката функција на пратеник и предводник на политичка партија.   

Познато е дека тој им слугува на своите лични интереси. За да ги оствари своите лични цели, Апасиев злоупотребува јавни пари и манипулира. Се служи со дезинформации и пропаганда, валкани средства насочени против мирот и стабилноста во земјава и во светот.  

За среќа, моќта на Апасиев е ограничена на еден грст екстремисти во земјата. Сепак, тоа не значи дека треба да ужива во неказнивоста што му ја обезбедуваат институциите.  

Цивил упатува јавен повик до сите релевантни институции и саморегулаторни тела да преземат соодветни чекори за осуда и санкционирање на тешките навреди, клевети и говор на омраза што произлегуваат од јавните настапи и дејствувањето на Димитар Апасиев, а чија мета неретко е токму Цивил.

Прочитајте повеќе

Со просек над 3,00 учениците во дуални паралелки ќе добиваат месечна стипендија од 3.500 денари

Со просек над 3,00 учениците во дуални паралелки ќе добиваат месечна стипендија од 3.500 денари

Уписите во средно образование, согласно конкурсот што го објави Министерството за образование и наука (МОН) …