Електрична енергија ќе има без рестрикции, цената не се зголемува

Електрична енергија ќе има без рестрикции, цената не се зголемува

Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека се ангажирани сите расположливи капацитети во земјава за зголемување на домашното производство на струја. При посетата на РЕК Битола, Ковачевски рече дека 99,2 отсто од домаќинствата немаат зголемени сметки за струја и дека електрична енергија во државата ќе има, без рестрикции, во една од најпредизвикувачките зими за светот.

„Успеавме да ги ангажираме сите расположливи капацитети во државата за зголемување на домашно производство на струја. Цената на електричната енергија не се зголемува. Економско-енергетските политики на Владата даваат резултат, сите мерки беа насочени кон задржување на ценовната стабилност на електричната енергија. Ефектите се сигурна и стабилна испорака на електрична енергија до сите во државата“, рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека, по неколку децении, сите производствени капацитети на струја во државата се во функција – трите блока на РЕК Битола, ТЕЦ Осломеј, ТЕЦ Неготино и сите други помали постројки на ЕСМ.

Ковачевски рече дека РЕК Битола произведува над 60 отсто од домашното производство на електрична енергија, а плановите се годинава над 70 отсто од производството да доаѓа од термоелектраните во сопственост над државата.

Прочитајте повеќе

Д-р: Филипче

Д-р: Филипче: Шансите да го поправиме изборниот резултат се добри

Јас никогаш не се откажувам. Во најтешките моменти во мојата кариера, а такви имало многу, …