„Елем турс“ ја избра компанијата која ќе ја подготви анализата за Попова Шапка

„Прајс Вотерхаус Куперс“ (Pricewaterhouse Coopers) е компанијата која „Елем турс“ ја избра да изработи длабинска финансиска анализа и физибилити студијата со модел на приватно-јавно партнерство, како и предлог модел за продажба за Попова Шапка, пишува „Порталб.мк“.

Директорот на „Елем турс“, Џемаил Јусуфи, објави дека компанијата „Прајс Вотерхаус Куперс“ е избрана да ја подготви финансиската анализа и физибилити студијата.

“По потпишување на договорот, оваа компанија ќе биде обврзана да подготви и финансиска анализа и физибилити студија. За првата е потребен еден месец, а за втората три месеци”, рече Јусуфи.

Како што најави претходно, иако повикот беше само на македонски јазик, компанијата која ќе ја направи анализата е обврзана да го достави извештајот и на англиски јазик.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Царина Богоев

Богоев: Побрз транспорт и заштеда на време и средства преку стекнување статус на Овластен економски оператор

Заштеда на време и трошоци, помалку физички контроли, предност во царинење и избор на место …