Емил Јанески: Обвинувањата за наводното испуштање валкана вода од Пречистителната станица, е нова лакрдија на ОК на ВМРО-ДПМНЕ

Емил Јанески: Обвинувањата за наводното испуштање валкана вода од Пречистителната станица, е нова лакрдија на ОК на ВМРО-ДПМНЕ

Демантирајќи ги обвинувањата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, од каде на прес конференција искажаа обвинувања дека од Пречистителната станица се испушта валкана вода, директорот на ЈКП „Водовод и канализација“, Емил Јанески рече дека станува збор за нова лакрдија и клевета во режија на најголемата опозициска партија.

„Вчера бевме сведоци на уште една прес лакрдија на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, овој пат во изведба на Дејан Проданоски. Во својата безидејност, ОК на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да се служи со лаги и клевети, свесни за изборниот пораз на 15-ти јули, а знаејќи дека голем удел во тоа ќе имаат локалната самоуправа и активностите на јавните комунални претпријатија. Еве денеска стоиме тука, пред испустот и можам да кажам дека водата која од Пречистителната станица излегува во градската река, во континуитет е технички исправна“, изјави Јанески.

Јанески истакна дека на прес конференцијата биле изнесени целосно неточни и паушални информации поврзани со функционирањето на Пречистителната станица. Тој посочи дека договорот за нејзината изградба е потпишан од страна на претходниот градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Марјан Ристески, во кој меѓу другото децидно е кажано дека „Водовод и канализација“ од свои средства, преку наплатената тарифа за отпадни води, ќе ги обезбеди неопходните средства за секојдневното функционирање и одржување на Пречистителната станица.

„Навистина е политичка перверзија е од една страна да се фалите дека Пречистителната станица е ваше дело, дека сте обезбедиле 10 милиони евра, од кои 85% се средства од нашите европски партнери преку ИПА фондовите, а вината што има дополнителна тарифа во сметките за вода да не ја преземете. Не може истовремено да сте заслужни за изградба на станицата, да сте потпишале договор во кој сте предвиделе таа да се одржува со наплата за пречистување на урбани и отпадни води, а да не ја преземете одговорноста за тоа. ВМРО-ДПМНЕ еднаш треба да се одлучи – заслужна ли е за изградба на Пречистителната станица, или не? Нашиот народ вели: две лубеници под иста мишка не се носат“, рече првиот Емил Јанески: Обвинувањата за наводното испуштање валкана вода од Пречистителната станица, е нова лакрдија на ОК на ВМРО-ДПМНЕчовек на ЈКП „Водовод и канализација“, Емил Јанески.

Истовремено, Јанески рече дека според неговите информации, во 2013 година Министерството за финансии распишало тендер, на кој победила фирмата „Понстрој“ од Бугарија. Фирмата оставила банкарска гаранција од 2 милиони евра, после што од тогашната Влада на ВМРО-ДПМНЕ подигнала аванс од 4 милиони евра и веднаш потоа заминала од нашата земја. Се’ до јуни 2017 година, во Пречистителната станица не била ставена, како што рече Јанески, ниту една цигла. Станицата се градеше од јуни 2017 до мај 2018, кога и беше пуштена во употреба.

Бидејќи не бил запазен рокот за изградба на Пречистителната станица кој бил предвиден со потпишувањето на договорот на нашата држава со ЕУ, а тоа е 31.12.2017 година, сите средства за нејзината изградба после тој датум, паѓаат на товар на државниот буџет.

„Актуелната Влада во 2018 година издвои 4.5 милиони евра за изградба на станицата, кои одат на душа на претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ, кои успеаја да украдат 2 милиони евра и дополнително го оштетија буџетот со споменатите 4.5 милиони евра, односно на граѓаните на нашата држава им направија штета од 6.5 милиони евра“, потенцираше Јанески.

Тој ги повика МВР и Јавното обвинителство да ги земат документите од ЈКП „Водовод и канализација“-Прилеп и од Министерството за финансии и за заштита на животната средина и конечно да се заинтересираат за овој случај.

Емил Јанески: Обвинувањата за наводното испуштање валкана вода од Пречистителната станица, е нова лакрдија на ОК на ВМРО-ДПМНЕ

Прочитајте повеќе

банкноти пари плата пензии буџет долг Долговите

Буџетот на ПИОМ за 2025 година тежи речиси 2,3 милијарди евра (АНАЛИЗA)

Само за алиментирање на „социјалните бенефиции“ со кои се опфатени и пензиите, во 2025 година …