Шекеринска: Денес стапува во сила новиот закон за ЈО, почнува прочистувањето и темелната реформа на судството

Шекеринска: Денес стапува во сила новиот закон за ЈО, почнува прочистувањето и темелната реформа на судството

Заменик-претседателката на СДСМ – Радмила Шекеринска во синоќешното гостување на ТВ21 во дебата со носителите во изборна единица пет го коментираше и стапувањето во сила на новиот закон за Јавно Обвинителство.

Таа рече: Граѓаните можеа да вида колку долго траеше тој процес во Собранието, колку тешко беше да се дојде до 2/3 мнозинство, а кога ги чувме дел од новите „бомби“ видовме зошто.

Сме имале една цела пратеничка група, која практично за пари дадени во кампања требала да испорача блокирање на Законот. И знаете колку енергија, колку преговори особено и премиерот, меѓутоа и многу други министерот за правда, министерка за да дојдеме до Закон којшто ќе го добие и европскиот печат, и којшто ќе обезбеди шанса за правна држава.

Меѓутоа тоа е се уште само Закон, ќе биде почеток на она што и треба на државава, а тоа е сериозно прочистување и поголема транспарентност во судството.

За жал ние во претходните „бомби“ чувме кој се спрегите помеѓу политиката, криминалот и судството. И дел од тие спреги не можевме да ги уништиме, зошто? Заради тоа што извршната власт не смее да се меша во судството.

Меѓутоа со Законот за ЈО, со законите други кои се усогласија со препораките на Венецијанската комисија, сега за првпат имаме шанса.

Предвидуваме целосна проверка од страна на соодветни институции на имотот и потеклото на имот на сите судии и обвинители, оти знаме дека нешто кај некои обвинители и судии навистина не е логично. И она што е важно, уше во претходниот период успеавме да обезбедиме ЕУ да ги набљудува, да ги мониторира случаите за висока корупција и криминал.

Прочитајте повеќе

Филипче за „Клик плус“: Со ВМРО-ДПМНЕ на власт граѓаните ќе имаат се’ помалку пари во џебовите

Филипче за „Клик плус“: Со ВМРО-ДПМНЕ на власт граѓаните ќе имаат се’ помалку пари во џебовите

За овие 100 дена Владата не покажа никаков интерес за граѓаните, за компаниите, ниту пак …