ЕП во фудбал: Македонија игра со Холандија, последен натпревар на Пандев во репрезентативниот дрес

ЕП во фудбал: Македонија игра со Холандија, последен натпревар на Пандев во репрезентативниот дрес

Македонската фудбалска репрезентација денеска од 18 часот ќе го одигра последниот натпревар на Европското првенство во фудбал. Капитенот Горан Пандев веќе најави дека натпреварот против Холандија ќе биде неговиот последен за репрезентацијата.

„Да, одлучив дека натпреварот ќе биде последен во дресот на македонската репрезентација. Мислам дека ова е прав момент да се повлечам. Им посакувам на соиграчите пласман на Мундијалот во Катар. Среќен сум што сум дел од оваа репрезентација која испиша историја. Едвај го чекаме натпреварот против Холандија во обид да направиме позитивен резултат“, изјави Горан Пандев.

Селекторот на репрезентацијата Игор Ангеловски изјави дека натпреварот со Холандиија ќе биде посебен, бидејќи и неговиот договор со националниот тим завршува.

„Можам само да речам едно големо благодарам за Пандев. Среќен сум што работев со таков човек и фудбалер. Благодарност до сите фудбалери, знаете каде бевме пред пет-шест години и каде сме сега. За иднината не би сакал да зборувам, ќе го одработам договорот професионално како што најавив“, рече селекторот Ангеловски.

Македонската фудбалска репрезентација постигна историски успех со пласманот на Европското првенство во фудбал, иако во досегашните натпревари против Австрија и Украина доживеа два порази. Денешниот натпревар против Холандија е шанса за македонските фудбалери да го изненадат противникот кој е фаворит на хартија и да ги освојат првите бодови на едно европско првенство во фудбал за нашата репрезентација.

Натпреварот во Амстердам ќе го суди романскиот арбитар Иштван Ковач.

Прочитајте повеќе

Љупчо Палевски – Палчо со авион екстрадиран во Македонија

Љупчо Палевски – Палчо со авион екстрадиран во Македонија