Се очекува, за време на посетата да се сретне и да разговара со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски
Заменик-помошникот државен секретар на САД, Габриел Ескобар, утре ќе ја посети С. Македонија. Се очекува, за време на посетата да се сретне и да разговара со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Посетата на Ескобар на земјава се поврзува со отпочнувањето на процедурата за измена на Уставот и одложувањето на собраниската седница за неодредено време.
Пленарната седница за Предлогот за пристапување кон измена на Уставот почна на 18 Август, а пратениците го усвоија дневниот ред со 70 гласови „за“. По исцрпувањето на дискусијата, претседателот на Собранието Талат Џафери го одложи гласањето до обезбедување двотретинско мнозинство. За усвојување на Предлогот за пристапување кон измена на Уставот неопходно да гласаат минимум 80 пратеници.