Николовски: Не постои ни една причина за поскапување на лебот

Николовски: Не постои ни една причина за поскапување на лебот

„Мелничката индустрија годинава набави количини по преполовени цени, по 11 денари за килограм. Стабилизиран е пазарот со електричната енергија. Треба да одговорат зошто некој би побарал повисока цена на грбот на граѓаните при намалени трошоци за производство“, изјави министерот Николовски.

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски, изјави дека пазарот е стабилен и дека не постои ниту една причина зошто мелничката индустрија би барала повисоки цени на лебот, во услови кога количините на жито лани ги набавиле по преполовена цена.

„Ние лани немавме поддршка за откуп на пченицата, а немаше зголемување на цените на лебот и покрај цената од 22 денари за килограм откуп. Мелничката индустрија годинава набави количини по преполовени цени, по 11 денари за килограм. Стабилизиран е пазарот со електричната енергија. Треба да одговорат зошто некој би побарал повисока цена на грбот на граѓаните при намалени трошоци за производство“, изјави министерот Николовски како одговор на најавите на претставници од мелничката индустрија за поскапување на цената на лебот есенва.

Од владата информираат дека на денешната седница донеле Програма за дополнување на Програмата за спроведување на интервентен фонд за земјоделството за 2023 година, со цел финансиска поддршка на производителите на пченица и јачмен, како и на одгледувачите на домати и краставици.

„Во Програмата се додадени три нови подмерки со што се обезбедува: финансиска поддршка од 3 денари по килограм за остварено и продадено или складирано производство на пченица; финансиска поддршка за произведен домашен сертифициран семенски материјал од прва и втора генерација на пченица и јачмен од 3 денари по килограм – за произведени пченица или јачмен од прва и втора генерација за реколта 2023 година, како и финансиска поддршка за продадени количини на домат и краставица произведени под контролирани услови – од 35 денари по килограм домат што е произведен и продаден во периодот од 5 април до 31 мај 2023 година и 30 денари по килограм за краставица којашто е произведена и продадена во периодот од 5 април до 15 мај 2023 година“, се наведува во владиното соопштение.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Преголема моќ кај десничарска партија како ВМРО-ДПМНЕ значи крај на нашите ЕУ перспективи

Ковачевски: Преголема моќ кај десничарска партија како ВМРО-ДПМНЕ значи крај на нашите ЕУ перспективи

Ако десничарска партија како ВМРО ДПМНЕ добие преголема моќ, тоа ќе стави крај на нашите …