Ескобар: Дојдов во Скопје за поддршка на евроинтеграциите, не сум тука за некого да измачувам

Ескобар: Дојдов во Скопје за поддршка на евроинтеграциите, не сум тука за некого да измачувам

Вашингтон стои зад Скопје во остварувањето на целта, зачленување во Европската Унија – уште еднаш високопозициониран дипломат во Стејт департментот дојде во Скопје за да го уверува политичкиот естаблишмент, но и граѓаните дека може да сметаат на поддршката на американската администрација во тешки ситуации, како оваа со уставните измени.

Посетата на Габриел Ескобар кој веќе два дена има серија средби со државно-владиниот, но и со врвот на опозицијата, е обид да го поттурне процесот на промена на Уставот, за кој по почетокот на пленарната собраниска процедура, се покажа дека го нема доволното мнозинството.

На Европа и Америка и требате внатре во Европа.
Габриел Ескобар, заменик-државен секретар на САД.

„При секој чекор во некој предизвик, американски предизвик, сметавме на С. Македонија и сакаме С. Македонија да смета на нас во справувањето со сопствените предизвици. Партнреството што го искусивме, нивото на поддршка во заштитата на вредностите и проширувањето на демократијата, Северна Македонија беше тука крај нас. Како резултата на тоа – типот на партнерство што го имаме во Европа, би сакале да го видиме и во ЕУ. Ние сме најентузијастичките поддржувачи на тоа вие, кои веќе сте во трансатлантската заедница, да станете формални членки од секој дел на таа заедница, а тоа ја подразбира и ЕУ. Во смисла на ЕУ-проширувањето отсекогаш велев дека Западен Балкан се делот од Европа кој сега најмногу ветува – економски најбрзо расте со огромен потенцијал за да придонесува во сегментите на енергетика, транспорт, ИТ и многу други полиња и дека вие ќе бидете тие што ќе го туркаат растот во ЕУ и на трансатлантската заедница. Значи, на Европа и требате, на Америка и требате внатре во Европа и затоа се надеваме, како ваш најблизок стратешки партнер и близок пријател, како некој кој имал директна корист од тоа партнерство, дека и вие ќе имате корист од нашето партнерство со правењето тешки избори за посветла иднина“, изјави заменик-државниот секретар на САД, Габриел Ескобар.

Премиерот, кој денеска му беше домаќин на Ескобар, вели дека пораката добиена од САД е јасна – по НАТО, Северна Македонија треба да стане дел од ЕУ за што, во оваа фаза на процесот на пристапување, предуслов се уставните измени.

Ако се одвоиме од Албанија, Србија, Црна Гора, никој не гарантира кога и на каков начин ќе станеме членка на ЕУ.
Димитар Ковачевски, премиер на С. Македонија.

„Верувам дека пратениците, кои се претставници на граѓаните, ќе се охрабрат и ќе донесат важна одлука за продолжување на европските интеграции која ќе ни овозможи, до 2030, да станеме членка на ЕУ. Се друго ќе значи неизвесна иднина, еднаш тоа сме го виделе, кога се одвоивме од Хрватска и кога застанавме 17 години во евроинтеграциите. Денес, ако се одвоиме од Албанија, Србија, Црна Гора, никој не гарантира кога и на каков начин ќе станеме членка на ЕУ. Тоа не сме да се случи, не смее да се држи иднината на граѓаните и земјата во залог за предизборни цели. Особено што јазикот и идентитет се зачувани во преговарачката рамка“, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

Ковачевски се уште е оптимист и по јасните пораки од опозицијата испорачани од Христијан Мицкоски кој, токму во пресрет на посетата на Ескобар, изјави дека на покана на владата во Скопје доаѓаат дипломати за да вршат тортура и притисок за ВМРО-ДПМНЕ да попушти.

Не сум дојден за кого било да мачам. Сакам јасно да кажам дека САД не избираат влади на земји-членки на НАТО.
Габриел Ескобар, заменик-државен секретар на САД.

„Не сум дојден за кого било да мачам. Сакам јасно да кажам дека САД не избираат влади на земји-членки на НАТО, но поставуваме очекувања и работа за која ќе разговарам ќе биде да ја пратам истата порака која ја изнесував и во регионот – дека САД, како природни партнери, ги гледаат оние кои се посветени на европска интеграција, на НАТО и се посветени на борбата против корупција и тоа сакам да биде јасно. Но, исто така сакам да слушнам, да имаме многу отворена размена на мислења“, рече Ескобар.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

ЕУ очекува Сиљановска-Давкова и владата да ги исполнат обврските за евроинтеграциите на Северна Македонија

ЕУ очекува Сиљановска-Давкова и владата да ги исполнат обврските за евроинтеграциите на Северна Македонија

ЕУ очекува идната претседателка на Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова и новата влада да соработуваат и …