Ескобар и Лајчак во Северна Митровица

Ескобар и Лајчак во Северна Митровица

Во Северна Митровица започна средбата на Гарбиел Ескобар, специјалниот претставник на САД за Западен Балкан, и специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак, со претседателот на Српската листа, Горан Ракиќ и градоначалниците на четирите северни косовски општини. На средбата присуствува и американскиот амбасадор во Приштина Џефри Ховениер. Ескобар и Лајчак се во Косово од 23 август, каде што се сретнаа со претседателката Вјоса Османи, премиерот Албин Курти, како и со претставници на косовската опозиција. Тие во средата во Приштина соопштија дека остануваат на Косово со цел да спречат ескалација на ситуацијата на 1 септември.

Ескобар очекува конкретен предлог од Србија и Косово

По средбата со институционалните лидери на Косово и опозициските партии, Ескобар рече дека очекува Косово и Србија да имаат конкретен предлог за решавање на проблемот со српските регистарски таблички и документи. Тој рече и дека добил уверување дека никој не сака ескалација и насилство на 1 септември. Истото го изјави и Лајчак. Претставниците на Србите од четири општини од северот на Косово, Северна Митровица, Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ во средата усвоија декларација во која предупредија на можно напуштање на косовските институции доколку не се најде решение за табличките и документите за влез и излез. Тие рекоа дека оставиле прашањето да го „реши со компромис“ претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Вучиќ најави свое обраќање до КФОР

Исто така во средата, косовскиот премиер Курти на прес-конференција рече дека статусно неутралните регистерски таблички КС не може да се вратат, како што бара Белград, но дека ќе може да се пререгистрираат автомобили само во РКС – Република Косово. Кога станува збор за издавање документи за влез/излез, косовскиот премиер изјави дека најдобра опција би било целосно да се исфрлат, како за граѓаните на Косово при влез во Србија, така и за српските државјани кои влегуваат во Косово. Ескобар и Лајчак денеска ќе отпатуваат за Белград, каде ќе се сретнат со претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Владата на Косово го одложи спроведувањето на своите одлуки за пререгистрација на возила со таблички РКС и издавање документи за влез/излез на српските граѓани до 1 септември, откако локалните Срби на север се побунија и поставија блокади на патиштата.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Парламентарни избори во Хрватска како вовед во „суперизборната година“

Парламентарни избори во Хрватска како вовед во „суперизборната година“

Во Хрватска денеска (17 април) се одржуваат редовни парламентарни избори на кои право на глас …