ЕУ постигна договор за обезбедување 50 милијарди евра помош за Украина

ЕУ постигна договор за обезбедување 50 милијарди евра помош за Украина

Сите 27 земји на Европската Унија договорија 50 милијарди евра (54 милијарди долари) помош за Украина на самитот во Брисел, објави претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел на платформата X.

„Имаме договор. Сите 27 лидери се согласија за дополнителен пакет за поддршка од 50 милијарди евра за Украина во рамките на буџетот на ЕУ. Ова значи стабилно, долгорочно, предвидливо финансирање за Украина. ЕУ презема лидерство и одговорност за поддршка на Украина, знаеме што е под ризик, напиша Мишел на Х.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан стави вето на пакетот помош од 50 милијарди евра за Украина во декември.

Пред почетокот на самитот за финансиска помош што очајно и е потребна на Украина, Унгарија и нејзиниот премиер Орбан се соочија со низа критики.

„Мислам дека нема проблем со таканаречениот „замор од Украина“. Се разбира, имаме замор со Орбан сега овде во Брисел… Не можам да разберам, не можам да го прифатам ова многу чудна и многу егоистична игра на Виктор Орбан“, изјави полскиот премиер Доналд Туск по пристигнувањето на самитот.

„Мораме да играме цврсто и фер, нема простор за компромиси. Нема средина: вие сте или на украинска или на руска страна“, додаде тој, велејќи дека „нема план Б“.

Естонската премиерка Каја Калас изјави дека не сака да го користи зборот уцена кога станува збор за Орбан, но дека не знае кој збор би бил посоодветен.

Покрај ветото на Орбан во декември, друг проблем за Киев е тоа што во американскиот Конгрес е блокиран предлог-законот за трошење кој вклучува помош за Украина од 61 милијарда долари, поради противењето на републиканските пратеници.

Орбан, единствениот лидер на ЕУ кој одржува топли односи со рускиот претседател Владимир Путин, постојано е во несогласување со другите европски лидери околу мерките за помош за Украина од почетокот на руската инвазија.

Тој изрази противење на санкциите на ЕУ против Русија, па дури и ја изнесе идејата за мировни преговори меѓу Москва и Киев.

На самитот, лидерите на 27-члениот блок мора едногласно да гласаат за пакетот помош за Украина кој би произлегол од заедничкиот буџет на ЕУ.

Будимпешта посочи дека ќе се согласи со пакетот во Брисел доколку ревизијата на буџетот се одржува годишно, давајќи му на Орбан право на вето, но ЕУ досега се согласи само на годишна дебата за помошта.

Извор: РСЕ

Прочитајте повеќе

Македонија и „Биг Бенг“: историски лекции

Македонија и „Биг Бенг“: историски лекции

Децата родени во 2004 во новите земји членки на ЕУ сега се студенти, млади бизнисмени …