еуропол

ЕУРОПОЛ: 37 уапсени, сузбиена балканска криминална група трговци на дрога и оружје

Вкупно 37 осомничени, меѓу кои и водачот на криминална банда која тргувала со оружје и со дрога, босански државјанин, кој е веќе в затвор и се смета за личност од висок ризик, се уапсени во координирана меѓународна операција, соопшти ЕУРОПОЛ.

Балканската криминална организација е сузбиена во серија синхронизирани рации спроведени на 24 мај во Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Холандија, Италија, Белгија и Германија. Операциите беа координирани од командниот центар во Загреб, Хрватска, со поддршка од офицерите на ЕУРОПОЛ на терен.

Водачот на бандата ги организирал криминалните активности од затворска ќелија. Оттаму издавал наредби и инструкции на своите подредени во врска со трговијата со дрога и огнено оружје.

Рациите се извршени на различни локации, вклучително и затворската ќелија на водачот во Белгија, во гаража во Холандија користена за прикривање кокаин и во повеќе простории во Хрватска, Германија, Словенија и Босна и Херцеговина, каде што се чувале дрога, огнено оружје и експлозиви.

Извршени се вкупно 37 апсења, конфискувани се 148.000 евра во готовина, запленети се 18 парчиња оружје (вклучително и 2 митралеза) и 2.512 парчиња муниција. Пронајдени се и 500 грама ТНТ експлозив со далечински детонатори, како и над 15 килограми кокаин, 11 килограми хероин, 3 килограми амфетамин, 7 килограми марихуана, 10 килограми хашиш, полициски униформи и фалсификувани документи за идентификација.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Бугарија оди на шести избори за три години

Бугарија оди на шести избори за три години

Бугарија се подготвува за уште едни општи избори, шести од април 2021 година, откако популистичката …