Еувсдисинфо: Про-Кремљ медиумите со нов омилен манипулативен збор

Еувсдисинфо: Про-Кремљ медиумите со нов омилен манипулативен збор

Про-Кремљ медиумите досега ја етикетираа руската опозиција како „фашисти“, „сатанисти“, „Малтузијанци“, глобалисти… Но, од неодамна, „неолибералите“ станаа ново омилено „страшило“ – баук за про-Кремљ медиумите, пишува „Еувсдисинфо“.

Терминот „неолиберал“ не беше многу чест во базата на податоци на дезинформации, но во текот на првите недели од 2021 година тоа е веќе новиот омилен збор за прo-Кремљ медидумите. „Јужниот фронт“ го употреби терминот скоро 30 пати за да означи нешто непријатно: „Масовно сузбивање на слободата на говорот“; „Нов бран на цензура, политички лов на вештерки на „белите угнетувачи“„Обид за ребрендирање на вооружените сили на САД, вклучително и воздушните сили и морнарицата, за нови, неолиберални сили“; Рускиот дисидент Алексеј Навални е неолиберален; Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин е неолиберален. Опозицијата во Белорусија е неолиберална и нацистичка. Нападот на Капитол Хил на 6 јануари заврши, според зборовите на „Јужен фронт“, со победа на непријателите на народот, пренесува КриТинк.мк.

Големата предност на „нео-либерализмот“ како манипулативно сретство е што концептот може да биде исполнет со сè што не им се допаѓа на левичарите, како и на десничарите. Затоа лесно може да се најдат „напади“ од десничарска перспектива, но исто толку лесно можеме да најдеме „левичарски гласови“ кои го критикуваат неолиберализмот на руските платформи, пишува „Еувсдисинфо“.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

непотребно извршени операции на срце

Кај 10 пациенти биле непотребно извршени операции на срце, утврди интерната комисија за кардиолошки интервенции

Во втората фаза од анализата, нашите членови на комисијата ќе работат со меѓународни експерти, на …