евопски парламент

Европскиот Парламент ќе расправа за нападот на северот на Косово

Европскиот парламент (ЕП) во вторник на 3 октомври ќе одржи вонредна расправа за ситуацијата на северот на Косово, а се очекува Резолуцијата да биде усвоена на крајот на месецот.

Дебатата ја иницираше Алијансата на социјалистите и демократите, втората по големина пратеничка група во ЕП.

„На наше барање, ЕП ќе усвои резолуција за Косово и Србија на втората пленарна седница во октомври. Ја осудуваме неодамнешната агресија на вооружена терористичка банда врз косовските полицајци. Мора да се утврдат сите факти за нападот. Одговорните извршители мора да се соочи со правдата“, се наведува во соопштението на европските социјалдемократи.

Европратеникот и иницијатор на оваа дебата, Тонино Пицула, во изјава за Радио Слободна Европа (РСЕ) изјави дека Резолуцијата треба да биде јасна оценка на ЕП за состојбата на односите меѓу Приштина и Белград, „и во пресрет на последен терористички напад на северот на Косово и убиство на полицаец“.

„Покрај кривичната одговорност, треба да се утврди и политичка одговорност за последната ескалација на насилството. Пратениците исто така ќе ги кажат своите ставови за резултатите од посредничката улога на ЕУ во светло на очигледниот застој во спроведувањето на планот за нормализирање на односите, изјави Пицула за РСЕ.

Косовската полиција на 24 септември беше нападната од вооружена група во селото Бањска во општина Звечан, кога беше убиен полицаецот Африм Буњаку. Потоа во престрелка загинаа тројца напаѓачи од српска националност.

Косовските власти објавија дека имаат докази дека подготовките, обуката и вежбите на вооружената група биле извршени во воената тренинг база во Пасуљански Ливади (близу Јагодина во централна Србија) и на Копаоник.

Одговорноста за нападот врз косовската полиција ја презеде Милан Радоичиќ.

Српското воено раководство ги демантираше наводите на косовските власти дека Србија со нападот во Бањска подготвува анексија на северот на Косово.

И српскиот претседател Александар Вучиќ негираше вмешаност на српската држава во овој напад. Тој во понеделникот рече дека сите кои учествувале во нападот на косовската полиција во Бањска ќе одговараат пред институциите на Србија.

Европската Унија го оквалификува овој напад како „терористички чин“ и предупредува дека може да следат последици доколку се утврди одговорноста на државата за овој напад.

Извор: РСЕ

Прочитајте повеќе

Два извештаја откриваат широка мрежа на руски дезинформациски портали

Два извештаја откриваат широка мрежа на руски дезинформациски портали

Создадени по ист образец, порталите секојдневно публикуваат огромен број објави. А, објавите често се или …