европско знаме

Европските лидери ќе ги повикаат Србија и Косово да ја „искористат историската шанса“ што ја нуди планот на ЕУ

Шефовите на држави и влади на Европската унија на самитот што ќе се одржи денеска и утре, меѓу другото, ќе разговараат и за дијалогот меѓу Србија и Косово.

Претставниците на ЕУ потврдија дека оваа точка е вклучена во последен момент. Во заклучоците од самитот ќе биде вклучен и дијалогот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија.

Во светлина на неодамнешните тензии на северот на Косово, шефовите на држави и влади на ЕУ ќе ја истакнат итната потреба за напредок во процесот на нормализирање на односите меѓу Косово и Србија преку дијалог со посредство на ЕУ.

„Европскиот совет го поздравува европскиот предлог односите меѓу двете страни да се стават на нова и одржлива основа како историска можност што треба да ја искористат двете страни за да ја остварат својата европска перспектива“, се наведува во нацрт-заклучоците, до кои пристап имаше Радио Слободна Европа.

Исто така, преку заклучоците ќе се апелира и двете страни „целосно и безусловно да ги спроведат“ обврските што ги презедоа во рамките на дијалогот, вклучително и договорите од 2013 и 2015 година за создавање на Заедница на општини со српско мнозинство за Косово ( ЗСО).

Предлогот на ЕУ беше доставен до властите во Приштина и Белград и е поддржан од Франција, Германија и САД. Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека овој план е добра основа за дијалогот меѓу Косово и Србија, додека претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека е подготвен да работи на имплементација на овој план.

Планот не е јавен, но РСЕ имаше увид во тоа. Според тој документ, предвидено е почитување на територијалниот интегритет, неповредливост на границите, признавање на државните симболи и посебен аранжман за српската заедница на Косово.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Хрватска: ХДЗ е победник - следува постизборна математика

Хрватска: ХДЗ е победник – следува постизборна математика

Формирањето влада нема да биде едноставно: според привремените изборни резултати, ХДЗ е на прво место …