СДСМ Битола: Директорот на „Водовод“ фатен со рацете во медот – со службено возило за приватни цели патувал во странство

СДСМ Битола: Директорот на „Водовод“ фатен со рацете во медот – со службено возило за приватни цели патувал во странство

Прес конференција во ОО на СДСМ Битола

Старите велат „Лага до лага”. А, резултатот од општинскиот ревизорски извештај укажува: Пеце Милевски е фатен со рацете во медот.

Сомнежите што СДСМ уште пред три месеци јавно ги упати на адреса на директорот на „Водовод“, Пеце Милевски, дека ја злоупотребил функцијата се потврдија.

Имено, пред  органите на претпријатието, без да каже зошто и со која цел, Милевски патувал со службеното возило во Грција и во Косово за приватни цели.

И за резервните делови за службеното возило имавме право кога се сомневавме дека се набавувани за да се прикријат сомнителни движења на Милевски. Според ревизорскиот извештај, одговорните лица во „Водовод“ не знаат зошто се набавувани резервните  делови.

Наводите од извештајот се повик и до обвинителството да поведе постапка за кривична одговорност на Пеце Милевски за злоупотреба на функцијата директор на ЈП „Водовод“.

Првиот човек на ДПМНЕ во Битола е сликата на партијата. Злоупотреби, финансиски и материјални малверзации, прикривања, се одлика на функционерите на ДПМНЕ.

А пред нас се уште три години од мандатот на локалната власт со која ќе раководи ДПМНЕ, па се поставува прашањето дали планот на ДПМНЕ е реприза од нивното владеење од времето на Двојче со Битола!

Го прашуваме градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, зошто и после овој ревизорски извештај молчи за разрешување на директорот на ЈП „Водовод“, што отвара сомнеж за одобрување на незаконското трошење на парите на граѓаните?

Затоа јавно го повикуваме Пеце Милевски веднаш да си поднесе оставка од функцијата директор на ЈП „Водовод“.

Одговорност мора да има!

Прочитајте повеќе

Костовски: Бебзедносниот систем потфрли, оставка од Тошковски и Јанев!

Костовски: Бебзедносниот систем потфрли, оставка од Тошковски и Јанев!

Прес-конференција на Мартин Костовски, организационен секретар на СДСМ Почитувани, Денеска јавноста очекуваше дека Панче Тошковски …