На почетокот на овој месец Фејсбук и Инстаграм пуштија во употреба нова функција, која со најновите ажурирања може да се користи во двете апликации. По две години подготовки, отсега корисниците ќе можат да разменуваат пораки меѓу Инстаграм и Месинџер, соопшти Фејсбук.

На Месинџер корисниците ќе можат да ги видат своите Инстаграм контакти и преку Месинџер ќе можат да се допишуваат со тие контакти без промена на апликацијата.

Корисниците на овие две социјални мрежи ќе можат преку Месинџер да се поврзат со контактите од Инстаграм и да ги организираат и поврзат своите контакти во група за допишување.

Новост е и тоа што во групните разговори ќе може да се менува позадина, да се прават анкети, а сите корисници ќе можат да видат кој подготвува порака за праќање, како што е случај и кај двете апликации.

Извор:МЕТА