Фејсбук статус на денот

Фејсбук статус на денот

Не сум противник што по социјалните мрежи со денови се води дебата за одредени кадровски решенија на Владата. Напротив, нека има дебата, нека се критикува па макар некогаш за тоа и немало вистинска причина.

Ме нервира тоа што ретко кој ги споменува становите на мајка Нада, плацовите на нејзиното синче на Водно, милионите евра провизии земени од Кинезите, Израелците и Грците кои завршија во џебовите на портокаловата банда…

Исто како што ме нервираат бројните кандидати за градоначалници кои уста не отвориле против Коце, Двојче, Марјан, Беличанец, Чадиев… Мислат оти овие сегашниве доброволно ќе се откажат од функциите и ќе ги пречекаат со црвен тепих пред општинските згради?

Господа локални политичари, кандидатурата за градоначалник треба да се заслужи и да се одработи. Како и, впрочем, сѐ во животот.

Прочитајте повеќе

Фејсбук статус на денот

Фејсбук статус на денот