Филипче во Валандово: Овде СДСМ покажа на локално ниво што значи вистинска грижа за луѓето

Филипче во Валандово: Овде СДСМ покажа на локално ниво што значи вистинска грижа за луѓето

Вчера Венко Филипче, како носител на листа во Изборна единица 4, беше во посета на Општинскиот изборен штаб во Валандово, каде се сретна со членството и симпатизерите од Валандово и Дојран.

Во присуство на градоначалникот на Валандово Перо Костадинов, како и пратеничките од Дојран и Гевгелија, Филипче ги истакна успесите на локално ниво и рече дека токму градоначалниците го белат образот на партијата со чесна и посветена работа.

„Валандово и Дојран се бастиони на СДСМ и така и ќе остане. Овде СДСМ покажа и на локално ниво, но и со државни проекти што значи вистинска грижа за луѓето. Затоа, јас верувам во СДСМ и во она што го работиме. СДСМ секогаш има искрени и чесни намери и јасна визија да ја направиме оваа држава подобро место за живеење.“ – рече Филипче.

Тој се осврна и на успесите во нивните локални мандати, наведувајќи клучни проекти како изградбата браната на Хидросистемот Конско, рехабилитацијата на системот за отпадни води во Дојран, изградбата на канализацискиот систем за фекални води во Валандово, инфраструктурното поврзување на населените места Горна Маала и Јосифово, како и патната инфраструктура за турските населени места, но и новите детски градинки и основното училиште во Пирава,.

„Со вакви проекти СДСМ покажува дека има успешни примери за рамноправен пристап во заедницата и силната желба за развој на секое населено место. Затоа политиките на СДСМ секогаш се насочени кон рамномерен развој на секој дел од земјата“ – истакна Филипче во Валандово.

Прочитајте повеќе

СДСМ

СДСМ Битола: Бесплатна правна помош за членовите, за заштита од партизацијата на ВМРО-ДПМНЕ

Водени од нашите социјалдемократски принципи за еднаквост и солидарност, воведуваме бесплатна правна помош за сите …