Судот во Тетово одлучил Села да ги добие печатите од Алијанса за Албанците, Таравари најавува жалба

Судот во Тетово одлучил Села да ги добие печатите од Алијанса за Албанците, Таравари најавува жалба

Судот во Тетово донел одлука печатите од партијата Алијанса за Албанците да ги добие крилото на Зијадин Села. Ваквата информација ја потврдија крилото на Села, додека Арбен Таравари кој е дел од другото крило на Алијанса за Албанците Арбен Таравари најавува жалба.

„Судот одлучи дека нашето барање за регистрација на Зијадин Села за претседател на Алијанса за Албанците е прифатено. За оваа одлука се известени сите странки и сега официјално претседател на АА е Зијадин Села“, изјавија за МИА од крилото на Села.

Алијанса за Албанците како партија беше формирана во 2015 година, а произлезе од Демократската партија на Албанците (ДПА) на Мендух Тачи. Зијадин Села тогаш иницираше движење за реформи во ДПА, а набргу потоа следуваше основањето на Алијанса за Албанците на чие чело застана тој.

Арбен Таравари реагираше преку „Фејбук“ по објавата дека печатите од партијата со одлука на судот во Тетово ги добил Села.

„Велат дека денеска добиле печати од Алијансата за да ги дадат на ДУИ. И да е вистина ќе се жалиме ама и да ги добијат со заробениот систем што го имаат во рака, имам прашање – што е со народот? Без вера, со ниеден суд не можете да го освоите народот. Промената започна и нема печат што ја спречува“, вели Таравари во објавата на Фејсбук.

Алијанса за Албанците како партија беше формирана во 2015 година, а произлезе од Демократската партија на Албанците (ДПА) на Мендух Тачи. Зијадин Села тогаш иницираше движење за реформи во ДПА, а набргу потоа следуваше основањето на Алијанса за Албанците на чие чело застана тој.

Села ја предводеше партијата се до вонредните избори за Советот во Општина Тетово во август 2022 година кога поради лошите резултати си поднесе оставка. За нов лидер беше избран неговиот доскорешен близок соработник и актуелен градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари.

Меѓутоа, партијата се подели на две крила – едното на Таравари и другото на Села, кој по напуштањето на лидерската позиција стана претседавач со партиското собрание.

Јавноста сведочеше на јавни конфронтирања, паралелни конгреси, партиски одлуки од двата табори.

Ваквиот раскол настана во пресрет на парламентарните и претседателските избори закажани за 24 април (прв круг претседателски) и 8 мај 2024 (втор круг претседателски и парламентарни), кога Таравари, кој беше коалициски партнер во Владата на СДСМ и ДУИ, се изјасни дека е за изборен настап со албанската опозиција.

Таборот на Таравари потоа и официјално се приклучи на опозицскиот блок во кој се Беса на Биљал Касами, Алтернатива на Африм Гази и Демократското движење на Изет Меџити. Тие формираа коалиција „Вреди“, а Таравари го избраа за претседателски кандидат.

Крилото на Алијанса за Албанците (АА) предводено од Зијадин Села на претстојните избори најави дека ќе биде дел од коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ на Али Ахмети.

Извор: РСЕ

Прочитајте повеќе

ДКСК ќе бара одговорност за случајот со Академијата на судии и обвинители

ДКСК ќе бара одговорност за случајот со Академијата на судии и обвинители

Одлуката на Вишиот управен суд која во неколку наврати заврши во корист на ДКСК не …